Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2011, во однос на декември 2010, изнесува 100.9, а во однос на јануари 2010 изнесува 103.2.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јануари 2011, во однос на декември 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 2.3%, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.5%, Здравје за 0.8%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.5%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 0.6%, Алкохолни пијалаци, тутун и Останати стоки и услуги за 0.1%.

OhridNews