Индексот на трошоците на животот во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи зголемување од 3.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.4 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, се бележи пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2021 година, во споредба со претходниот месец. Пораст е забележан кај цигарите за 0.9 %, кај млекото за 0.8 %, свежото и разладеното овошје, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, лебот и житата за 0.4 %, пивото за 0.3 %.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49.9 %, гасот за домаќинствата за 8.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.0 %, течните горива за домаќинствата за 4.7 %, туристичките пакет-аранжмани за 3.4 %, услугите за сместување за 2.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 2.1 %, другите медицински производи, електричните апарати за лична хигиена за 1.0 %.
За 4.7 %, зголемени се трошоците за туристичките пакет-аранжмани , услугите за сместување пораснале за 3.4%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.6 %, маслото и маснотиите за 2.2 %, виното за 1.6 %, месото за 0.7 %, сирењето и урдата за 0.3 %.
OhridNews