Изминитите 12 месеци претпријатието поради изградбата на затворениот Зелен пазар претрпе одредени потешкотии како финансиски така и отежнати услови за работа во пазарот. Со оглед дека се работи за времен карактер и за објект кој е значаен за градот Охрид и е од јавен интерест за граѓаните, менаџерскиот тим со максимална посветеност и домаќинско работење се трудеше да обезбеди континуитет, квалитет и достапност на услугите како и заштита на правата на корисниците и потрошувачите, рече директорката на јавното претпријатие „Градски пазар“, Кристина Крлеска Деспотоска, презентирајќи го отчетот за сработеното.

Од финансиски аспект со гордост можеме да кажеме дека во приходниот дел претпријатието имаше значително зголемување на приходите од основната дејност и значително намалување на расходите по сите ставки, особено во делот на репрезентација, службени патувања и гориво, споредбено со изминатата година намалени се трошоците приближно  за 1.300.000 денари. –  рече Крлеска Деспотоска.

Во активностите кои се реализирани од страна на претпријатието во изминатата година, Деспотоска ги спомена отворањето на мини зелен пазар на улица Сирма Војвода, како и  обезбедувањето на простор за кванташки пазар.

Покрај основните дејностите кои ги обавува јавното претпријатие врши градежни дејности од помал обем. Меѓу нив, директорката ги наброи оградувањето на мост во селата Лакочереј и Орман, улицата Прилепска; поставување на метална ограда и врата во Општина Охрид; санација на детски игралишта; санација и оградување на неколку спортски игралишта во општината.

Јавното претпријатие како опшествено одговорно претпријатие учествуваше во санација на штетите кои беа предизвикани од елементарни непогоди кои го зафатија нашиот град, како и во низа активности кои беа од хуманитерен карактер. Со нашата дејност го продолживме традиционалениот велигденски саем со што извршивме анимација не само на граѓаните на општина Охрид, туку и на туристите кои го посетуваат Охрид за велигденските празници. – истакна Деспотоска.

Директорката на „Градски пазар“ додаде дека претпријатието продолжува да работи и понатаму транспарентно и во интерес на граѓаните.

OhridNews