Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 година изнесува 63 252,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2024 год. која изнесува 62 861,00 денари е зголемена за 391,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јануари изнесува 78 627,00 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија.
Кај храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за јануари 2025 изнесува 23.198,00 денари спореден со декември 2024 година (23.075,00 денари) е зголемен за 123,00 денари. Кај храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за јануари 2025 изнесува 23.198,00 денари спореден со јануари 2024 година (21.007,00 денари) е зголемен за 2 191,00 денари, односно за 10,43%.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 година изнесува 63 252,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2024 год која изнесува 57 163,00 денари е зголемена за 6 089,00 денари, односно за 10,65%
Граѓаните во Македонија не дека живееме многу добро и имаме многу добри плати, па пазариме и со тоа ја подгреваме инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, туку трговците се алчни и се богатат на грбот на граѓаните и работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега дека во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано.
OhridNews