Екипите на „Паркови и зеленило“ се ангажирани во тековното одржување на зелените површини низ градот. Се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни површини, а заради неочекуваните високи температури и системите за наводнување се користат со зголемен интензитет.
Оваа работна седмица се врши и тековно одржување на бетонската жардињера на ул.„Железничка“ каде се отстранува дивата вегетација, а оштетените садници се заменуваат со нови.
OhridNews