Турската фабрика која го произведува моделот со кој ирачкиот новинар неодамна го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш, последниве денови бележи голем пораст на нарачки.


Рамазан Бајдан, сопственикот на фабриката која го носи неговото име, изјавил дека оваа седмица примил нарачки за 300.000 пара такви чевли. Некој претприемач дошол дури од Америка да побара право за дистрибуција.

Бајдан наскоро планира да го преименува моделот на чевлите во „Чевли Буш“. Тие во Турција можат да се набават по цена од 28 евра.