За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро во споредба со вчера, а нивото на Преспанското Езеро е исто како вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Охридско Езеро е повисок од просечниот за април и тоа за два сантиметра и се наоѓа на кота од 693,59 м.н.в. Температурата на водата е 13 степени, што е за два стпени над просекот за април.

Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 2,15 метри пониско од просечното и е еден сантиметар под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина.

Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава иако кај повеќето од нив бележи благо зголемување во споредба со вчера.

OhridNews