Бројот на туристите кои престојувале на охридскиот брег во февруари 2009 година, во однос на февруари 2008 година, е зголемен за 35 %, а бројот на ноќевањата е зголем за 12,5%.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2009 година изнесува 4030, а бројот на ноќевањата изнесува 8921.
 
Бројот на домашните туристи во февруари 2009 година, во однос на февруари 2008 година, е зголемен за 15,2%, а бројот на странските е зголемен за 60,6%.
 
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2009 година, во однос на февруари 2008 година, е зголемен за 40%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 3.5%.
 
Бројот на туристите во февруари 2009 година, во однос на претходниот месец, е намален за 2 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,5 %, а кај странските има намалување за 8,8 %.
 
Бројот на ноќевањата во февруари 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 23,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 16,1 %, а кај странските има зголемување за 30,2 %.

Ohridnews