Прометот во трговијата со храна, пијалоци и тутун на мало во април годинава во однос на април лани бележи зголемување, кое номинално изнесува 13,1 отсто, а реално 11,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво бележи зголемување номинално за 13,3 отсто, а реално за 8,4 отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 13,3 отсто, а реално за 11,8 отсто.
Намалување на прометот е забележано во групата трговијата на мало со автомобилски горива номинално за 14,8 отсто, а реално за 0,7 отсто.
OhridNews