Заклучно со 30 .09. 2009 година општината на име туристичка такса наплатила 15.204.050 денари, додека вкупно минатата година по истиот основ во градската каса легнале 15.033.801 денар.
Во првите девет месеци од оваа година во Охрид се остварени вкупно 471.661 ноќевање. Во хотелските објекти остварени биле 383.504 ноќевања, од што 225.159 биле домашни гости, а 158.346 странски туристи. Во приватното сместување до 30 септември биле регистрирани 88.157 ноќевања. Од локалната самоуправа се надеваат дека до крајот на годината бројот на ноќевања ќе го надмине ланското ниво кога во Охрид беа остварени 517.844 ноќевања.