Во првото тримесечје од годинава за 22,9 отсто е зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во споредба со истиот период од претходната година. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во првите два месеца, додека во третиот месец е забележано опаѓање.
Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 41,6 отсто, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалена за 34 проценти, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млекото и рибата, а намалување има кај зеленчукот, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млечните производи.
OhridNews