Откупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал од годинава се зголемени за 3,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 25,9 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 17,3 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето и рибата, а намалување е забележано кај индустриските растенија, алкохолните пијалоци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во април и во јуни, додека во мај е забележано опаѓање.

OhridNews