Организаторите на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, соопштија дека за 11,8% го зголемиле наградниот фонд на турнирот.

Победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 2,35 милиони фунти, што е зголемување за 100.000 фунти во однос на минатата година.

Вкупниот награден фонд оваа година изнесува 38 милиони фунти.

Повеќе пари организаторите обезбедиле и за квалификантите, односно за тенисерите или тенисерките што ќе испаднат во првото, второто или третото коло. За овој дел од турнирот паричните награди се зголемени за 10 отсто.

Организаторот соопшти и дека оваа сезона нема да биде воведен часовникот што го мери времето за сервис, а потврдено е дека тај-брејк во решавачкиот петти сет кај мажите, односно третиот сет кај жените ќе се игра прит резултат 12:12.

Титутлите во сингл оваа година ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер.

OhridNews