Организаторите на грен слем турнирот „Мелбурн“ во Австралија се пофалија со зголем награден фонд за следното издание во 2020 година. Австралискиот грен слем турнир е прв во новата сезона и ќе се одржи од 20 јануари до 3 февруари.
Вкупниот награден фонд за турнирот во 2020 година изнесува 71 милиони долари, што е за 13 проценти повеќе од наградниот фонд за турнирот во 2019 година. Интересен е фактот што паричната награда за победниците во машка и женска конкуренција останува иста (4,1 милион австралиски долари), а тенисерите кои ќе испаднат во првиот или вториот круг ќе инкасираат многу повеќе од претходно.
Во однос на 2007 година наградниот фонд го зголемивме за три пати. Како и секоја година така и следната најголем акцент ќе ставиме на играчите кои ќе отпаднат во воведните натпревари од турнирот. Ќе продолжиме со овој тренд бидејќи сакаме да им овозможиме кариера и на останатите тенисери кои не можат да стигнат да се борат за некој медал. – изјави директор на АО Опен, Крег Тили.
Тенисерите кои ќе отпаднат во првата или втората рунда ќе заработуваат по 20 000 долари, а потоа се зголемуваат наградите. Титулата на АО Опен следната година ќе ги бранат Наоми Осака и Новак Ѓоковиќ.
OhridNews