Бројот на издадени одобренија за градење во ноември 2009 година, во однос на истиот месец претходната година, е зголемен за 5,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,33 милијарди денари (38 милиони евра) што е за 35, 4 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупно издадени 311 одобренија за градба во ноември, 241 се наменети за објекти од високоградба, а по 35 одобренија се за објекти од нискоградба, односно за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 436 станови со вкупна корисна површина од 43 851м2.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com