Во пресрет на вториот уписен рок закажан за 3-ти септември од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ информираат дека во првиот уписен рок е забележан пораст од 30 отсто на бројот запишани студенти, во споредба со минатогодишните уписи.
Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника и Студиската програма по е-влада, е-бизнис е-култура при Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика.
Во претстојниот уписен рок на идните студенти на Универзитетот „св. Апостол Павле“ им стојат на располагање 345 слободни места на петте факултети, распоредени во десет различни студиски програми.
OhridNews
извор Макафакс