Во август годинава Македонија ја посетиле  116.623 туристи, што претставува зголемување за 16,3% во однос на истиот месец лани, додека бројот на ноќевања бил поголем за 13,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи годинава е зголемен за 16,1 отсто, а на странските за 17,1 проценти. Во периодот јануари-август 2008 година, во однос на минатата година, бројот на туристите е зголемен за 12,6 проценти , додека бројот  на ноќевањата е зголемен за 9,9 %.

Во август оваа година бројот на  странските туристи, во однос на претходниот месец, е зголемен за 16,7%, а бројот на ноќевањата за 18,3 %.

Ohridnews