Бројот на домашни туристи во февруари 2009 година во однос на февруари 2008 е намален за 1,3 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во февруари годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 3,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 4,4 проценти.

Во февруари 2009 година Македонија ја посетиле 27.811 туристи, кои оствариле 58.138 ноќевања.

Ohridnews