Бројот на туристите во мај годинава е зголемен за 0,8 отсто споредено со истиот месец лани. Бројот на ноќевањата е зголемен за 13,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во мај 2010 година изнесува 55.220, а бројот на ноќевањата е 131.361.

Бројот на домашните туристи во мај годинава е намален за 1,4 отсто, споредено со мај 2009 година, а бројот на странските туристи е зголемен за 3 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај годинава, споредено со мај 2009 година е зголемен за 23,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4 отсто.

Во периодот јануари-мај 2010 година, во споредба со истиот период лани, бројот на туристите е намален за 5,4 отсто. Кај домашните туристи намалувањето изнесува 6,1 отсто, а кај странските е забележано намалување за 4,8 отсто.

Во периодот јануари-мај 2010 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,7 отсто. Кај домашните туристи зголемувањето изнесува 17,1, а кај странските е забележано намалување за 5,6 .

OhridNews