Според Министертвото за транспорт и врски, во јануари 2010 година на двата аеродроми во Република Македонија покрај зголемениот број на патници, забележано е и зголемување на обемот на летови, споредено со истиот период 2009 година.
Имено, во јануари 2010 година на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид остварен е сообраќајот на вкупно 953 летови што претставува пораст од 50 летови од вкупниот број на летови остварен во истиот период минатата година.
Со стапувањето во сила на договорот за концесија, односно модернизацијата на македонскиот аеродромски систем, од 1. март 2010 година се очекува дополнително зголемување на бројот на летови и патници на македонските аеродроми.