Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119 742, а бројот на ноќевањата изнесува 520 283.
Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.6%. Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.2%.
OhridNews