Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2021 година изнесува 38 997, од кои 45.5 % се домашни туристи односно 17 758, а 54.5 % однсно 21 239 се странски туристи.
Најголем број од странските туристи се од Турција, Србија и Грција. Најпосетуван овој месец бил градот Скопје, по кој следат езерските места, се наведува во податоците.
Бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90 693, од кои 49.3 % се од домашни туристи, а 50.7 % од странски туристи.
Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52.0 % и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19.6 %, а кај странските зголемувањето е за 145.6 %.
Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36.5 % и тоа кај домашните туристи има зголемување за 14.6 %, а кај странските зголемувањето е за 164.7 %.
OhridNews