Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 49.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 23.0 %, а кај странските зголемувањето е за 127.0 %. Во однос на минатата година во првите 9 месеци, зголемување се бележи и кај бројот на остварени ноќевања за 33.9 % и тоа кај домашните туристи за 15.4 %, а кај странските , а кај странските зголемувањето е за 150.8 %.
Во септември 2021 година бројот на туристи изнесува 68 578, од кои 46.5 % се домашни туристи, а 53.5 % се странски туристи. Во септември 2021 година се бележат 165.486 остварени ноќевања од кои 48.8 % се од домашните туристи, а 51.2 % од странските туристи, информираат од Државниот завод за статистика.
Според податоците од септември 2021 година, најпосетени биле езерските места односно ги посетиле 32.093 туристи од кои 19 845 домашни, а 12 248 странски гости. И во бројот на ноќевања во езерските места побројни биле домашните туристи, односно оствариле 46. 934 ноќевања додека 34.392 ноќевања биле остварени од странски гости.
Според податоците од септември годинава најбројни биле гостите од Полска.
OhridNews