Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2022 година изнесувал 81 848, од кои 34.8% се домашни, а 65.2 % се странски туристи.
Во октомври се евидентирани 180 003 ноќевања, од кои 41.8% се од домашните туристи, а 58.2% од странските.
Во периодот јануари – октомври 2022, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.3%. Кај домашните туристи има зголемување за 5.8%, а кај странските за 85.7%.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 22.6%, кај домашните туристи има зголемување за 3.6%, а кај странските за 73.0%.
OhridNews