Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија  денес потпиша Меморандум за соработка  со Македонска- Руска стопанска комора со која во иднина ќе ја интензивира соработката на полето на размена на информации за туризмот, трговијата, туристичката индустрија, услугите и научно-образовните знаења.

И покрај обидите за промоција на домашните туристички потенцијали, во изминатата декада овој пазар бележеше стагнација поради недостатокот на директен лет, но со директното поврзување оваа година, бројот на туристи во првите седум месеци во 2021 година порасна за 299% во споредба со истиот период во 2020 година, додека бројот на ноќевања за истиот период е повисок за 262, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Унапредувањето на билатералната соработка значи напор за унапредување на односите и соработката на научно-деловните заедници со Руската Федерација преку различни деловни средби, бизнис форуми и семинари. Соработката помеѓу двете земји ќе се евалуира еднаш годишно, врз основа на што ќе се проектираат активностите за наредната година.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе следниот месец ќе отпочне со промотивни активности на овој пазар, а дополнително, со асистенција на Македонско-Руската Стопанска Комора ќе организира презентации пред руски тур-оператори во Москва и Санкт Петербург.

 

OhridNews