Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид 19, од кои 2 во Охрид, 3 во Струга, 50 во Скопје, 9 во Струмица.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г), информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од кои 3 од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

OhridNews