Во периодот од 7 ноември до 13 ноември Центарот за јавно здравје Охрид направил 275 тестирања за присуствио на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 300  лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје. Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 362 лица и тоа кај 207 лица од општина Охрид, кај 124 лица од општина Струга и кај 31 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 85 лица од Охрид, 38 лице од Струга и 14 лица од Дебар. Во овој период починати се 8 лица од Охрид и 4 лица од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 475,  во Струга 245, а во Дебар 91, – соопшти центарот за Јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид -19 во период од 7 до 13 ноември

Од почетокот на епидемијата до 13 ноември 2020, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2540 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1099 лица во општина Охрид и Дебрца, 1035 лица во општина Струга и Вевчани и 406 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 641, од Струга се 727, а од Дебар и Центар Жупа се 297 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 40 починати пациенти, од општина Струга се починати 80, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица, соопшти Центарот за јавно здравје.

Вкупни бројки од почетокот на пандемијата

OhridNews