Во текот на изминатото деноноќие (15/16.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, девет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-9). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти СВР Охрид.
Во истиот период, на ниво на целата држава, 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се вкупно 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
По однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 20 лица што ја прекршиле оваа мерка.
За последните 24 часа натериторијата на државата на 107лице им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.
OhridNews