Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот 2023/2024 година, на ниво на држава, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри е зголемен за 11.5 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 3.1.% во однос на периодот 2022/2023 година.

Во овој период Народниот театар Охрид имал 34 изведби на 8 претстави. Вкупниот број на посетители изнесува 3198. Театарот имал едно гостување каде што биле присутни 200 посетители, велат податоците на ДЗС.

Во овој период охридската публика имаше можност да ги погледне претставите „Госпоѓа Министерка”, „Секс, лаги и љубомора“, „Чекајќи го Годо” , „Лавиринтот“, „Сергеј е многу глупав“…

Во периодот 2023/2024 година, на ниво на држава, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 14.8 %, исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0.6.% во однос на периодот 2022/2023 година.

Н.С.Ј.