Во март 2024 година, ТАВ Македонија, подружница членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 209.727 патници и 1.744 летови.

Бројот на опслужени патници во март ги надмина бројките од 2023 година за 14%, додека бројот на летови во март 2024 е за 12% поголем од март во 2023 година, информираат од ТАВ.

Од 31-ви март почна летниот распоред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид кој ќе трае до 26-ти октомври 2024. Со летниот ред на летање, од аеродромот во Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

OhridNews