Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 се издадени 236 одобренија за градење што е за 68,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.578.227 илјади денари што е за 35,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 (64,8%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (11%) за објекти од нискоградба и 57 (24,2%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 236 објекти, на 166 (70,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 објекти (29,7%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 383 станови со вкупна корисна површина од 35 209 м2.
OhridNews