Во јули годинава во земјава се евидентирани 197 273 туристи, од кои 46.0 % се домашни, а 54.0 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742 970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските.
Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските за 44.0 %.
Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 %, и тоа кај домашните туристи за 0.7 %, а кај странските за 28.4 %.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат најголеми посетители во државата првите 6 месеци во 2023 година се гости од Турција, Србија, Грција, Германија и Бугарија.
Мисијата значи предизвик, односно отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на стратешките и програмски цели од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кои создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%, потенцираат од Агенцијата.
OhridNews