Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските.
Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.0 %, и тоа: кај домашните туристи за 2.6 %, а кај странските за 16.6 %.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8.8 %, а кај странските за 11.0 %.
OhridNews