Згоден учител во кинеско основно училиште им нуди на своите ученици потпишани фотографии како би ги натерал на учење.


Ји Фенг, учител и заменик директор во училиштето во Зиханиу, е толку популарен во училиштето што бројни негови ученици му барале слика.

На таа идеја дошол сакајќи да ги стимулира учениците повеќе да учат. Учениците кои ќе имаат одлични резултати ќе можат да се фотографираат со професорот кој ќе им подари потпишана фотографија. До сега само тројца ученици ја заслужиле таа чест.