Исклучителниот радио водител Драган Б. Костиќ, автор на познатите емисии „Заборави ако можеш“ и „Диско селектор“,денеска, за последен пат ќе води емисија на втората програма на Македонското радио. Неговите проекти повеќе нема да се емитуваат на националниот сервис што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Самиот Драган Б. Костиќ на својот фејсбук профил ја потврди информацијата.

„Забележувам на фејсбук петиции за спас на емисијата Заборави ако можеш. Им благодарам на креаторите, но изјавувам дека не сум поттикнал ниту една.Бидејки немав потреба. Одговарав на поставените прашања на поедини медиуми, кои потоа си извлекуваат свои ставови на кои имаат право. Законски е јасно, сум ја исполнил возрасната обврска а МРТ нема интерес да го продолжи емитувањето на емисиите (и Заборави ако можеш и Диско селектор), што е нивно право. Не можам ништо против тоа, освен во догледно време да пронајдам нова фреквенција за истите или некои други радиски проекти. Уште еднаш им благодарам на сите добронамерни кои во медиумската безличност во овие емисии пронаоѓаа оаза. На10.06.2014 во 17.05, не кријам, но се надевам ќе ја надминам, со доза возбуда која можеби ќе ја наруши мојата емотивна стабилност, за последен пат ќе седнам зад микрофон да ја водам емисијата по 4.661 пат. Не е лесно после преку 12.ооо емисии или преку 15.000 часови пред истиот микрофон, да станеш и да си заминеш. Ќе се обидам.“-пишува Драган Б. Костиќ на својот фејсбук профил.

OhridNews
фото: Фејсбук