Струшката гордост, ракометниот клуб е пред распад, а во прашање е доведено и одржувањето на традиоционалниот ракометен турнир кој вообичаено се игра на крајот на летото, на теренот на “Женска плажа“.


Состојбата на теренот е очајна, подлогата на која се играа натпреварите е неколку пати крпена,а во моментов е уништена, додека искршени се и дел од дрвените трибини на теренот.


Клубот функционира на аматерска основа и многу тешко се доаѓа до средства. Ние в недела треба да го започниме вториот дел од првенстово, а ситуацијата во која се наоѓаме во моментов не тера на размислување да го напуштиме шампионатот – вели Крсте Илиоски, актуелниот преседател на РК Струга Илинден кој на различни позиции во струшкиот ракомет е повеќе од 30 години.


Причина број еден за развојот на ракометот во Струга е летниот турнир кој се одржува 38 години, а на него учествувале екипи од цела Европа. Во последните неколку години, турнирот е сведен на македонско ниво, а една од главните причини е тоа што игралиштето на кое традиционално се организираше турнирот не е во состојба да ги издржИ натпреварите И да одговори на барањата на екипите за. Лани за прв пат турнирот се играше во сала, но и стружани и екипите кои настапија сметаат дека со играњето во сала се губи “дражот“ И сјајот на турнирот.


Ракометниот турнир покрај тоа што е спортска е и туристичка атракција, лани  за прв пат турнирот се играше во сала но реакцијата на екипите кои настапија беше дека сакаат да го играат на отворено И бараат да играат на отворено. Последниве години игралиштето го крпевме,но повеќе не се може, измина времето на импровизации и токму заради тоа ракометниот турнир станува неатрактивен за екипите. – вели Илиоски.


Од клубот велат дека испратиле барање до АМС И МОК да помогнат во санацијата на теренот. Доставена е програма до струшкото собрание ,а во соработка со АМС И МОК посакуваат да направат едно комбинирано игралиште за тенис и ракомет. При последната посета на првите луѓе на МОК во Струга напоменато им е дека само реорганицизацијата на турнирот е спас за струшкиот ракомет.

М.Постоловски
Фото : Емилио