Охридскиот ракометен клуб Климент Охридски престануваа да постои. Клубот во својата кратка историја преку втората лига и бараж натпреварот стигна до ракометната супер лига и во својата деби сезона во најелитното друштво успеа да избори пласман во еврокуповите, но финасиите го откажаа учеството во Европа. Една година подоцна охриѓани завршија на дното на табелата пошто се преселија во понизок ранг.


Лани поранешниот репрезентативец Горан Андоновски се обиде да го заживее клубот но по само шест месеци и тој крена раце од него.  – Оставен бев сам на себе и немав друго чаре него да заминам – рече Андоновски.

“Климент Охридски“ не се пријави за овогодинешното првенство кое започна викендов во кое 15 екипи ќе се борат за првото место коешто ќе води во Супер лигата за следната сезона.


Охрид и спортската сала “Билјанини Извори“ минатата година беа домаќин на две големи ракометни натпреварувања, СП за младинки и ЕП за сениорки.  Ефектот од првенствата беше контрапродуктивен за охридскиот ракомет,  наместо присуството на ракометните велесили да го разбудат градот и охридските компании да инвестираат во ракометот, напротив тие како да ги одвратија од помислата да вложат во клубот,  по така охриѓани место в сала ракометот ќе гледаат само на телевизија.

М.П.