Кошаркарската прва лига ќе продолжи без акутелниот куп освојувач АМАК СП.

Здружението на прволигашите утврди дека АМАК-СП не ја обжалил одлуката на комесарот за натпреварување Горан Трпушевски, за нивно исклучување од натпреварувањето во Првата лига, по што стана јасно дека во продолжение на сезоната ќе се натпреваруваат девет екипи.

“Регуларноста на првенството треба да биде и е нашиот императив”, констатираа присутните претставници за Здружението

Амак СП е исклучен откако не ги одиграа двата последни натпревари, со Фени Индустри, односно Овче Поле. Согласно со Пропозициите, а со оглед на тоа дека не одиграа половина од натпреварите, нивните резултати во шесте кола ќе бидат поништени, по што ќе биде формирана нова табела, секако, без резултатите на АМАК-СП.

М.П.