Актуелниот шампион на Русија и овојувач на УЕФА купот, Зенит од Санкт Петерсбург, го освои европскиот Супер куп совладувајќи го освојувачот на Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед со 2:1.


Зенит поведе во 44-та минута со голот на Погребњак, а триесет милионското засилување од Динамо М. Дани Алвеш зголеми на 2:0. До крајот на натпреварот ослабениот Манчестер кој во супер купот настапи без голем број стандардни првотимци успеа само да го ублажи поразот преку Видиќ во 73-та минута.

ohridnews