Како што пренесува телевизијата НХК, Агенцијата направила корекција во неделата наутро по анализа на сеизмичките бранови и други податоци. Така силината на петочниот земјотрес е еквивалентна на онаа на земјотресот во 2004 г. го Суматра, Индонезија, кои предизвикаа големи цунами бранови во Индискиот Океан кога загинаа или се’ уште се водат за исчезнати вкупно 270 илјади луѓе.
Агенцијата наведува дека централната зона на земјотресот во петокот била долга околу 500 километри и 200 километри широка. Деструктивни движење на почвата траеле повеќе од 5 минути.
Така, според Јапонската метеоролошка агенција, овој земјотрес што ја погоди североисточната префектура Мијаги во петокот се вброи меѓу четирите други земјотреси во светот кои се евидентирани со магнитуда од 9 или повеќе во последните стотина години
Најголем со магнитуда 9,5 беше земјотресот што го погоди брегот на Чиле во 1960 г., при што загинаа повеќе од 1.600. Тогаш земјотресот, исто така, предизвикал цунами и во Јапонија во кое загинале 142 луѓе.
Состојбата во Јапонија два дена по катастрофалниот земјотрес сеуште е драматична, особено во Фукушима каде се загрозени нуклеарните постројки. Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека еден техничар загинал, а 11 се ранети во експлозијата која вечера се случи во јапонската нуклеарна електрана „Фукушима“. Повикувајќи се на јапонските власти, без да соопшти други детали, Агенцијата наведува дека загинал еден техничар, а четворица биле ранети во инцидент со дигалка во Фукушима-Дачи, додека седум техничари се ранети недалеку од местото на експлозијата.
Агенцијата наведува дека јапонските власти наредиле евакуација на 140 илјади жители во радијус од 20 километри.
Јапонските медиуми известуваат дека црниот биланс од земјотресот и цунамито во префектурата Миајги, која е најблиску до епицентарот изнесува повеќе од 10 илјади загинати.
извор:„Макфакс“