Во земјотресот што пред неколку дена го погоди грчкиот остров Лефкада на Јонското море, уништена е познатата плажа Егремни, која во неколку наврати од “CNN” и “Tripadvisor” беше прогласувана за најубава на светот.
Плажата Егремни на Лефкада пред земјотресот
До оваа плажа се стигнуваше по воден пат и по 347 стрмни скали направени во карпа, која во силниот земјотрес со сила од 6,1 степен по Рихтер се сруши и уништи поголем дел од плажата. Моментот на уништување на плажата Егремни го забележале локалните морепловци, а снимките направени неколку дена подоцна ја покажуваат разорната моќ на земјотресот кој целосно го промени ликот на некогаш најубавата плажа на светот.
Плажата Егремни по земјотресот
OhridNews