Локалните власти прогласија вонредна состојба во Краљево, каде голем број објекти се разурнати. Тлото под Краљево продолжи да се тресе во текот на целиот ден што предизвика дополнителна паника кај населението. Земјотресот освен во Србија, бил почувствуван и во Македонија и Бугарија.
Земјотреси вчера се регистрирани и во Турција, Грција, Бих и Во Хрватска. Околу 16.08 часот земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер го погоди главниот град на Хрватска, Загреб, а половина час подоцна земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер почувствуван е и во Мостар – Босна и Херцеговина. Нема информации за жртви и повредени во двата последни земјотреси.