Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер ја потресе денеска централна Италија, предизвикувајќи паника меѓу населението, пренесува „Макфакс“.
Засега нема информации за повредени или поголема материјална штета, пренесува Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил во Тоскана, во близина на градот Луча, но потресот се почувствувал и во околните региони.
Паника меѓу италијанското население владее откако лани на истото подрачје серија земјотреси со јачина од шест степени според Рихтер однесоа повеќе од 20 животи и причинија голема материјална штета.
извор:„Макгфакс“