Земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди централниот дел на Кина, а властите се сомневаат дека во него загинале 100 луѓе, а илјадници дека се повредени. Како што пренесуваат странските медиуми, во близина на популарниот парк Џиужајго загинале пет туристи, а повредени се 63. Епицентарот на земјотресот бил на 200 километри од градот Гуангјуен, на длабочина од 10 километри.
Во потресот се оштетени 130.000 куќи.
Во земјотресот со јачина од 7,9 степени во провинцијата Сичуан во мај 2008 година загинаа речиси 70.000 луѓе.
OhridNews
Макфакс