Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Потресот беше почувствуван и во главниот град, Мексико Сити, каде луѓето во паника истрчуваа на улиците.
Геолошкиот институт на САД објави дека се работи за афтершок по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен што се случи во петокот. Ова е најсилниот афтершок досега.
Засега нема официјални податоци за човечки жртви или материјална штета.