Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер, е почувствуван попладнево во Охрид.
Земјотресот кој се случи во 16 часот и 47 минути по локално време е во охридското епицентрално подрачје, поточно на 17 километри северно од Охрид во општина Дебарца.
Освен вознемиреност кај населението, засега нема информации за евентуални штети од потресот.
Г.М.