Моќен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер ја погоди областа 97 километар од Кристчрч на Нов Зеланд. Земјотресот е почувствуван во 0,02 часот во понеделник по локално време, односно 11,01 часот во недела по Гринич, со епицентар на 61 километар од градот Амберли на Нов Зеланд и 208 километри југозападно од главниот град Велингтон, на длабочина од 10 километри.

Американскиот пацифички центар за предупредување од цунами објави дека нема закани од цунами по земјотресот во понеделникот по новозеландско време.
Жителите од градовите и местата на околу 100 километри од епицентарот изјавија дека биле многу исплашени од земјотресот, кој го почувствувале како силни заплиснувања во текот од повеќе од 2 минути. Се известува за паднати предмети по домовите, а граѓаните ноќта ја минуваат на улиците. Засега нема податоци за настрадани или за материјални штети.

Кристчрч е најголемиот град на новозеландскиот Јужен остров. Земјотресот до магнитуда од 6,3 кој го погоди градот во февруари 2011 година усмрти 185 лица и предизвика големи материјални штети.

OhridNews
извор Макфакс