Најмалку седум луѓе загинаа во досега најсилниот земјотрес во историјата, што го погоди Мексико, со јачина од 8,2 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот бил во Пацификот, на околу 87 километри југозападно од градот Пиџиџиапан и на длабочина од 70 километри, соопшти американскиот геолошки центар. По земјотресот, издадено е предупредување од цунами за Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Коста Рика, Никарагва, Панама и Хондурас.

Силниот удар бил почувствуван во Мексико сити, каде луѓето во паника бегале на улиците на градот, пренесува БибиСи. Жртвите биле регистрирани во мексиканската држава Џиапас, која се наоѓа во близина на епицентарот и двајца во државата Табаско. Претседателот на Гватемала исто така пријавил најмалку еден загинат во неговата земја. Предизвикана е и материјална штета – урнати згради и други објекти во јужниот дел на Мексико и во Гватемала.

Според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, брановите во морето достигнале висина повеќе од три метри над нивото на крајбрежјето на Мексико. Поради тоа веќе е спроведена евакуација на населението во Чиапас, а затворени се и учулиштата.

OhridNews
Макфакс