Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени по Рихтер, утрово, ја погоди јапонската престолнина Токио и околината, но хипоцентарот бил на голема длабочина па не е прогласена опасност од цунами, соопшти Јапонската  метеоролошка агенција.

Земјотресот се случил во 14.28 часот по локално време (6.28 часот по македонско време), а епицентарот на потресот бил во околината на Торишима, остров околу 560 километри јужно од Токио, на длабочина од 370 километри.

Од земјотресот се треселе зградите во Токио, каде објектите се градат по многу строги сеизмички прописи.  Исто така, агенциите нагласуваат дека и покрај тресењето на објектите не била прекината завршницата од фудбалскиот турни на Царскиот куп.

Јапонија на 11-ти март 2011 година беше погодена од катастрофален земјотрес со магнитуда од 9 степени по Рихтер, кој беше проследен со разорно цунами чии бранови во некои области достигнаа височина од преку 40 метри. Катастрофата предизвика и серија оштетувања на нуклеарната централа во Фукушима. Повеќе од 20 илјади луѓе загинаа во земјотресот или се водат како исчезнати.

OhridNews