Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтер е регистриран во Северен Авганистан, јави Reuters, повикувајќи се на Геолошката служба на САД. Земјотресот бил почувствуван во Индија и Пакистан.

Епицентарот бил на 196 километри длабочина, на 82 километра југоисточно од градот Фајзабад, административен центар на провинцијата Бадакшан. Нема информации за настрадани или настанати материјални штети.

OhridNews